ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали момчињата продолжуваат да растат во висина по полнолетството?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Нема сигурен и точен одговор на ова прашање. Обично момчињата растат подолго од девојчињата, бидејќи кај нив, поради влијанието на половите хормони, епифизите на долгите коски подоцна се спојуваат со дијафизите. Растот вообичаено трае до 18-та, а понекогаш и до 24-25-та година, во зависност од тоа кога започнал пубертетот. Исто така влијаат и наследството, исхраната и општата здравствена состојба.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина