ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали креатинот како суплемент е безбеден за користење при тренинзи во теретана?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Креатинот е супстанца која природно се создава во организмот како извор на енергија за мускулите. Се синтетизира во црниот дроб, панкреасот и бубрезите од аминокиселините аргинин, метионин и глицин, и произведува хемиска енергија - АТП (аденозин-трифосфат), која се користи при работата на мускулите. Креатинот се внесува во организмот и преку храна, а најмногу го содржат црвеното месо и рибата. Со суплементација на креатин се постигнува продолжена работа на мускулите, поголема сила и подобра издржливост, но креатинот може дополнително да ги оптовари бубрезите, па затоа не треба да се земе доколку постои проблем со бубрезите или доколку лицето е дијабетичар, бидејќи може да влијае на апсорпцијата на инсулин. Препорачливо е да се консултира нутриционист со кој ќе се разговара за детален план на суплементација што ќе одговара на потребите на организмот.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина