ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали е потребна контрола при земање синтетичко железо?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Лекувањето на анемија бара повремени контроли на нивото на железо во организмот заради следење на ефикасноста на терапијата. Долготрајното земање препарати на железо може да доведе до покачени вредности на железо во организмот, а со тоа и до негово токсично дејство. Доколку земате некој препарат на железо, се препорачува консултација со хематолог за лабораториски контроли, врз основа на кои евентуално ќе се коригира дозата на препаратот или, доколку вредностите на железото се нормализирале, лекот целосно ќе се исклучи.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина