ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали е нормално бебе од 7 месеци и две недели да не се превртува?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Развојните показатели на бебето по месеци се следните: До 3. месец: да ја крене главата и градниот кош кога лежи на стомак; да ја врти главата на едната и другата страна кога лежи на стомак; да следи со очи предмет или личност во движење; да фати чегрталка кога му се даде; да мрда и да шутира со рацете и нозете; да ја врти главата кон светлината и боите; да се врти кон звук на човечки глас; да разликува дојка или шише; да реагира на звук на чегрталка или ѕвонче; да произведува звуци на гукање и грготење; да се смее кога се смее и друг; да плаче кога е гладно, уплашено или нешто му пречи; да се смири на звук на смирувачки глас или во раце. Со наполнети 6 месеци: да ја држи цврсто главата додека седи со ваша помош; да посегнува по предмети и да ги фаќа; да си игра со прстите на нозете; да го држи шишето додека го храните; да истражува предмети ставајќи ги во уста и фрлајќи ги; да префрла предмети од една во друга рака; да зазема седечка положба кога го фаќате за раце; да седи само со мала помош; да се превртува; да скока кога го држите во стоечка положба; да отвора уста за лажичка; да имитира познати активности што ги правите; да брборе и произведува звуци како да пее; да препознава познати лица; да се смее и да пишти со воодушевување; да врисне ако е возбудено; да се смее на себе во огледало. Ако забележите дека вашето бебе не ги извршува сите овие активности, или доцни со одредени активности, советувам прво да се јавите кај надлежниот педијатар за преглед на детето и процена на тонусот на телото, а потоа евентуално детето да се упати кај физијатар. Физијатарот може да ви покаже кои вежби најдобро ќе помогнат бебето да се развива правилно и да го надомести доцнењето, доколку постои.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина