ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали е можна бременост без пенетрација ако менструацијата доцни 5 дена?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Малку е веројатно да дошло до зачнување. Можно е и девојката да е вознемирена, па задоцнувањето на менструацијата да е последица на стрес и страв. Може да и предложите на девојката да направи тест за рано откривање на бременост за да се смирите. Секако, препорачливо е двајцата да посетите советувалиште за млади или лекар, кој ќе ви препорача најсоодветни методи на контрацепција. Опуштете се. Најпрецизен одговор ќе добиете по гинеколошки преглед.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина