ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како се лекува дегенеративната макула?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Лекувањето на влажната (потешка) форма на дегенерација на макулата е неопходно, бидејќи болеста брзо напредува и може да доведе до губење на видот. Ја лекуваат исклучиво офталмолози, и тоа или со еден вид лекови кои се даваат локално, преку инјекција, со цел да се забави растот на патолошките крвни садови во макулата, или со ласер во помал број случаи, каде тоа е можно. Покрај тоа, за сите форми на оваа болест се препорачуваат антиоксиданти, најчесто Макулин, но влажната форма бара сериозно офталмолошко лекување, кое накратко беше објаснето.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Офталмологија