Што може да предизвика краткотраен губиток на свест?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Врз основа на описот, состојбата укажува на ортостатска хипотензија. Станува збор за состојба на прекумерен пад на крвниот притисок при заземање исправена положба на телото. Се манифестира со вртоглавица, замаглен вид, нестабилност, конфузија и краткотраен губиток на свест. Овие симптоми можат да бидат посебно изразени и по мокрење, дефекација и слично. Важно е лицето при промена на положбата на телото од лежечка или седечка во исправена позиција да го прави тоа со бавни и контролирани движења. Исто така, одредени лекови можат да предизвикаат ортостатска хипотензија како несакан ефект, поради што се препорачува консултација со лекар.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Како се лекува дискус хернија со болка во десната нога?
- Тап бол во потилокот што се шири кон ушите, придружен со мачнина - што може да биде причина?
- Дали болка во средниот дел на грбот може да предизвика болка во градите?
- Што да се земе против нетрпелива главоболка при сомневање на ковид?
- Како да се зајакне психата без лекови за смирување кај нервоза и слаби нерви?
- Која е причината за болка во долниот дел на грбот со трнење на ногата и раката?