ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Која е разликата помеѓу Кепра и Топамакс?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Кепра и Топамакс припаѓаат на групата антиепилептични лекови, но имаат различен состав и намена. Кепра (левецирацетам) се користи кај парцијални напади со или без генерализација, кај новодијагностицирана епилепсија, како и додатна терапија при парцијални напади, миоклонични напади, примарно генерализирани тонично-клонични напади и слично. Топамакс (топирамат) се користи кај генерализирани или парцијални тонично-клонични напади. Може да се користи и како превенција од мигрена, но не е наменет за третман на акутен напад на мигрена. Терапијата со еден или друг лек се спроведува според индивидуалниот клинички одговор на пациентот, со соодветно прилагодување на дозата. Топамакс доаѓа во пакувања од 25 mg, 50 mg или 100 mg, додека Кепра доаѓа во пакувања од 250 mg, 500 mg или 1000 mg. Самата бројка на дозата не треба да збунува - тоа само покажува дека во пакување од одредена јачина еден лек може да биде значително појак/поактивен од друг во истата номинална доза. За секоја недоумица околу изборот на терапија, потребно е да се консултира надлежен лекар или невролог.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Неврологија