ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Стравување од корона кај лице со постојана алергија со кивање и течење од нос

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Ако алергијата е единствената болест од која боедувате, вие не спаѓате во ризичните групи кои тешко се справуваат со коронавирусот. Сè уште не се знае доволно за оваа болест и нема правило како кај кого ќе се развие клиничката слика. Стравот нема да ви помогне во тоа. Добро е што земате превентивна терапија со витамини и минерали и што ги почитувате мерките за заштита и превенција. Доколку почувствувате некои од следниве симптоми: покачена телесна температура, сува кашлица со болки во градите и краток здив, силна малаксаност, болки во мускулите и грбот слични на ишијас, јавете се во ковид-амбуланта. Дури и тогаш не е сè изгубено – со навремено јавување кај лекар и почитување на пропишаната терапија, сè може да заврши добро.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: КОВИД-19