ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да се однесуваме по завршување на изолацијата поради Ковид-19?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
За сега не се пријавени чести случаи на повторна инфекција со Ковид-19. Организмот создава антитела кои штитат од повторна инфекција. Доколку сакате да бидете сигурни дека ги имате, може да се направи тест на IgG антитела на Ковид-19, најрано една недела по прележувањето. IgG антителата се показател на прележана инфекција и создаден имунитет. Почнуваат да се создаваат три недели по појавата на симптомите, а достигнуваат високи вредности за шест недели. Сепак, треба да се внимава како и досега – да се носат маски во затворени простории, да се избегнува преголем контакт со други лица и да се почитуваат останатите препораки на надлежните институции. Препорачливо е да се внесуваат витамин Ц и Д, како и препарати на цинк и селен. И најважно – да се одржува оптимистичко размислување.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: КОВИД-19