ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали пневмотораксот претставува ризик фактор за КОВИД-19?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Точно е дека спаѓате во ризична група, што значи дека постои поголема веројатност да развиете потешка клиничка слика доколку се заразите. Меѓутоа, тоа се само проценти и статистика - постои можност да добиете блага клиничка слика и да ја прележите болеста без потешки компликации. Сигурно е дека стравот и паниката влијаат негативно на имунолошкиот систем и го слабеат, со што дополнително сте подложни на инфекција. Советот е да продолжите да се пазите и да ги почитувате мерките за заштита, а веднаш штом забележите некои од симптомите, да се јавите во ковид-амбуланта на преглед. Дотогаш е добро да останете оптимистични, бидејќи ниту тогаш не е сигурно како ќе се одвива ситуацијата. Исто така, како превентивна терапија за јакнење на имунитетот, може да се земаат витамин Ц и Д3, како и препарати на цинк, селен и алфалипоинска киселина.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: КОВИД-19