ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значи повишена вредност на креатин киназа (CK)?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Повишена вредност на креатин киназа (CK) обично укажува на оштетување или воспаление на скелетните (попреку-пругастите) мускули. Може да биде зголемена и при оштетување на срцевиот мускул, но тогаш обично се придружена и со покачени вредности на тропонин и LDH. Во случај на воспаление на мускулите, не се препорачува продолжување на тренинзите додека воспалението не се смири. Препорачува се одмор, внес на витамини C и D, а може и магнезиум за опуштање на мускулите. Штом тегобите поминат, физичката активност може повторно да се продолжи.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Кардиологија