ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значи покачено ниво на CK (креатин киназа)?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Покачени вредности на креатин киназата се јавуваат кај акутен инфаркт на срцевиот мускул, воспалителни процеси на мускулите, по прекумерна физичка активност, кај различни видови интоксикации, кај заболувања на црниот дроб, намалена функција на штитната жлезда (хипотиреоза), кај прогресивна мускулна дистрофија, дерматомиозитис, хиперосмоларност, во тек на делириум тременс, конвулзии (кај епилептични состојби), по хируршки интервенции и интрамускулни инјекции. Најважно е да се утврди причината, која потоа се отстранува со соодветни мерки.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Кардиологија