ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значи блага аортна регургитација (наод 1+) и дали е потребна терапија?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Од лично и професионално искуство, наод на аортна регургитација степен 1+ нема клиничко значење. Треба да се живее нормално, со умерена физичка активност, без големи физички напори. Препорачува се кардиолошка контрола еднаш годишно. Важно е да се внимава и на другите фактори на ризик, особено пушењето. Медикаментозна терапија моментално не е потребна, а состојбата може да трае цел живот без промена. На редовната контрола треба да се праша кардиологот дали е потребен тест на оптоварување (ергометрија).

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Кардиологија