ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значат фиброзните промени и оштетената дијастолна функција на срцето?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Фиброза значи создавање на лузно ткиво на местото на претходно оштетување на срцето, а може да биде различно по потекло, обем и хемодинамско значење. Оштетена дијастолна функција значи намалена способност на срцето да се шири при полнење со крв, што укажува на постоење на озбиљна срцева слабост. Оваква состојба бара детално кардиолошко испитување и лекување, и тоа итно ако досега не е направено. Покрај лекувањето, потребна е и промена на животните навики – престанок со пушење и алкохол, како и избегнување на прекумерен психофизички напор. Потребно е да се обратите кај кардиолог за детален преглед и најсоодветно лекување.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Кардиологија