ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што е тетралогија на Фалот?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Тетралогија на Фалот е најчеста цијанотична вродена срцева мана и претставува 10% од сите вродени аномалии. Ја означува комбинацијата од: 1) дефект на преградата помеѓу комрите, 2) аорта чиј отвор е над дефектот, така што прима крв од двете комори (и венска и артериска крв), 3) пулмонална стеноза (опструкција на излезниот тракт на десната комора, односно белодробната артерија) и 4) хипертрофија, односно уголемување на десната комора. Се јавува снижен ниво на кислород во крвта, што предизвикува поголемиот дел од симптомите и знаците кај децата. Присутни се отежано дишење и цијаноза. Чести се кризи на цијаноза кај таквите деца, придружени со голема вознемиреност, пад на сатурацијата со кислород на периферијата, а со тоа и појава на посинета боја на кожата. Неопходно е детето да биде во болнички услови за да се следи состојбата постојано, поради можен развој на губење на свест, конвулзии итн. Доколку не се лекува навремено, доаѓа до застој во растот кај децата, а може да дојде и до подоцнежен развој на белодробна хипертензија ако срцевата мана не се коригира. Операцијата најчесто не се изведува во толку рана возраст, туку се чека детето доволно да порасне за да биде способно да издржи хируршка корекција и да има доволна телесна маса поради анестезијата, што најчесто се постигнува околу 6-от месец од животот.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Кардиологија