ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што е асиметрична хипертрофија на септумот?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Асиметричната хипертрофија на септумот е состојба кај која едниот дел од преградата помеѓу коморите на срцето е задебелен, најчесто во излезниот дел. Кај оваа состојба обично не се препорачуваат поголеми физички напори и натпреварувачки спортови. Што се однесува на медикаментозната терапија, се користат бета-блокатори, верапамил и дизопирамид, во зависност од ултразвучниот наод. Понатаму, можат да се применат и хируршко отстранување на дел од преградата или аблација со алкохол. Во обзир доаѓа и вградување на пејсмејкер, а во најтешките случаи и трансплантација на срце. Советуваме за понатамошниот третман да разговарате со лекарот кој ви поставил дијагноза.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Кардиологија