Каква е прогнозата кај инсуфициенција на митралната валвула од прв степен?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Кај инсуфициенција на митралната валвула од прв степен, крилцата на валвулата не се затвораат целосно, но за сега во најмала мера. Прогресија на болеста е можна, но со редовни контроли и следење на факторите на ризик - соодветно лекување на бактериски и вирусни инфекции, контрола на крвен притисок, гликоза, холестерол и триглицериди во крвта, прекин на пушењето, здрава исхрана и животен стил, избегување на големи психофизички напори - болеста може долго да се држи под контрола. Во некоја фаза можно е да бидат потребни и лекови, а како последна можност постои и оперативно лекување, но постои надеж дека болеста нема да прогредира до тој степен.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Аритмии и бременост - што да се направи?
- Замор, трнење на прстите, болка во вилицата и градите со диспнеа - што може да значи?
- Кои лекови се користат за аритмии за време на бременост?
- Постојана болка под левата гради - што може да биде причина?
- Што значи намален број на неутрофили?
- Дали е безбедно породување со царски рез по операција на срцева мана (ВСД)?