ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали треба да се земаат лекови за притисок кога вредноста е до 140/90?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Според препораките на Европското здружение за хипертензија, вредности на притисокот од 130-139/85-89 mmHg спаѓаат во групата на висок нормален притисок. Доколку притисокот е 140-155/90-99 mmHg, тоа веќе се смета за хипертензија од прв степен. Во случај на висок нормален притисок неопходен е хигиенско-диететски режим на исхрана: намалете внес на сол, леб и масти од животинско потекло, и зголемете ја физичката активност. Со редукција на телесната тежина се очекува пад на притисокот. Доколку до тоа не дојде, потребно е да се обратите кај лекар, кој ќе направи програма за испитување и понатамошен третман според наодите.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Кардиологија