ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали летувањето на море е безбедно за луѓе со пејсмејкер?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
На море можете сосема нормално да се однесувате и со пејсмејкер. Повеќето електрични уреди со кои секојдневно доаѓате во контакт се безбедни и нема да го попречат работењето на пејсмејкерот. За да се избегне опасност од интерференција, куќните уреди треба да се држат малку подалеку од телото, односно околу 20 см од пејсмејкерот (на пример, телефонот во џеб не треба да се држи точно над пејсмејкерот). Потребно е да се избегнуваат високофреквентни уреди што се користат во индустриското производство, силни магнети, како и работа во близина на кули со предаватели и антени. На луѓето со вграден пејсмејкер не се препорачува снимање со магнетна резонанца, доколку е потребен таков преглед. Може да се случи при патување со авион уредот за преглед на патници да го регистрира металното куќиште на пејсмејкерот. Во тој случај, треба да му се покаже на персоналот книшка во која стои дека имате вграден пејсмејкер. Ова се накратко основните насоки за однесување со пејсмејкер.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Кардиологија