ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значи покачен ТСХ заедно со покачени триглицериди и телесна тежина?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Покачен ниво на ТСХ (хормон на хипофизата) со нормални вредности на хормоните на штитната жлезда може да укажува на субклиничка хипотиреоза, односно намалена функција на штитната жлезда која со време може да прогресира до клинички изразена хипотиреоза со симптоми. Во склоп на хипотиреозата може да се јави и зголемување на телесната тежина, како и зголемување на вредностите на триглицеридите и холестеролот, бидејќи намалената продукција на хормони на штитната жлезда доведува до забавување на метаболизмот. Препорачливо е да се направи преглед кај ендокринолог.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Интерна медицина