ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како се регулира висок крвен притисок?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Покачениот крвен притисок најдобро се регулира со комбинација на лекови, при што лекарот треба да избере терапија која е делотворна и успешно го регулира притисокот. Истовремено, неопходна е и промена на начинот на живот: правилна исхрана, редовна и умерена физичка активност, намален внес на сол и регулација на телесната тежина. Исто така, треба да се провери хормонскиот статус и нивото на масти во крвта. Затоа е препорачливо да се обратите кај интернист и да направите контролен преглед.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Интерна медицина