ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како антибиотиците влијаат на лабораториските наоди?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Вредностите на параметрите можат да се разликуваат, а тоа зависи од видот на антибиотикот кој се користи и од целта на неговата употреба. Ако пациентот претходно имал инфекција при која биле покачени леукоцитите и гранулоцитите во леукоцитарната формула, по завршување на инфекцијата може да се очекува пад на овие вредности, како знак на закрепнување. Кај возрасните лица другите промени во крвната слика и биохемиските анализи се ретки, но не се невозможни. Постојат лекови од групата на цефалоспорини кои можат да влијаат на вредностите во крвната слика и да предизвикаат пад на неутрофилите или тромбоцитите. Некои лекови кои се метаболизираат преку црниот дроб можат привремено да предизвикаат покачени вредности на трансаминазите. Во секој случај, ефектот зависи од видот на лекот, целта на терапијата и целта на самите анализи.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Интерна медицина