ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Губење на 8-9 кг и несоница еден месец по прележана мононуклеоза - дали е нормално?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Нормално е да се чувствува малаксалост, губиток на апетит и другите симптоми кои ги наведувате. Треба да се има предвид дека закрепнувањето од инфективна мононуклеоза трае релативно долго, од 3 до 6 месеци, па затоа не се препорачуваат потешки физички напори. Периодот од 6 недели од почетокот на болеста се смета за време кога не се препорачува контакт со други лица, туку строго мирување, бидејќи вирусот ги напаѓа слезината, црниот дроб и лимфните јазли. Затоа во тој период се советува мирување и само симптоматска терапија. По истекот на тој период, полека може да се враќате на секојдневните активности, но извесно време сепак ќе се чувствувате малаксано и нема веднаш да ја вратите целосната сила и енергија.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Инфективни болести