ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значи намален број на тромбоцити?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Кога тромбоцитите се мерат машински, апаратот понекогаш може погрешно да покаже помал број отколку што е реално. Затоа се препорачува рачно, односно микроскопско броење на тромбоцитите, при што резултатот може да излезе нормален. Од лабораториските анализи потребно е да се направи комплетна крвна слика и преглед на периферен размаз на крв. Од останатите тестови треба да се направат црнодробни ензими (АСТ, АЛТ, ГГТ), тестови за проценка на бубрежна функција (уреа и креатинин), а по потреба и тестирање на вируси за да се исклучи секундарна тромбоцитопенија. Банални вирусни инфекции, употреба на антибиотици или лекови против хипертензија, но и недостиг на витамин Б12 и фолна киселина во организмот, можат да предизвикаат намален број на тромбоцити во крвта. Не е ретка појава кај бремени жени. Ако жената влезе во бременост со намален број тромбоцити, нивниот број со напредувањето на бременоста има тенденција да опаѓа, што може да го влоши состојбата. Цитолошка пункција на коскена срцевина се прави само доколку постојат други хематолошки отстапувања. Лекувањето на тромбоцитопенија во бременост најчесто не е потребно, но кога станува збор за потежок облик (доколку вредностите паднат под 100), тогаш е потребна комплексна соработка помеѓу гинеколог и хематолог.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Хематологија