ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значи ако Д-димерот е во пораст?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Д-димер е неспецифичен показател за откривање на тромб. Тој претставува параметар кој ја исклучува можноста за постоење на тромб доколку е во референтните вредности, но ако вредноста е зголемена, тоа не мора да значи дека постои тромб - зголемувањето може да биде предизвикано и од многу други состојби. Ако вредноста на ИНР е висока (околу 3), не би требало да се очекува создавање на тромб во длабокиот венски систем. Доколку сепак се јават симптоми кои укажуваат на длабока венска тромбоза - трнење на долните екстремитети, болка во листот на нозете, отекување на нозете, бледа или модра боја на потколеницата - потребно е да се јавите на васкуларен хирург. Доплер ехосонографија на вените на долните екстремитети би можела дополнително да утврди дали се работи за нешто позначајно.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Хематологија