ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква е разликата помеѓу полицитемија рубра вера и есенцијална тромбоцитемија?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Полицитемија рубра вера (ПРВ) се карактеризира со зголемена маса на еритроцити, што го подигнува хематокритот и вискозноста на крвта, поради што постои поизразена склоност кон тромбоза. Кај ПРВ се јавува зголемено создавање на сите крвни лозји - еритроцити, леукоцити и тромбоцити. Есенцијалната тромбоцитемија, пак, се карактеризира со зголемен број тромбоцити, при нормална маса на еритроцити и уреден хематокрит, со склоност кон крварења или тромбози.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Хематологија