ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како се врши вадење крв од артерија за гасни анализи кај лица со хемофилија?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Секогаш е потребно да се знае каков тип на хемофилија е во прашање, дали станува збор за полесна или потешка форма, дали лицето досега имало компликации, спонтани крварења во зглобовите или изразито продолжени крварења. Сето тоа лекарот ќе го земе предвид пред вадењето крв и врз основа на тоа ќе одлучи за превентивна мерка или примена на фактор по вадењето крв. Кога било кој ќе се посече, крвари. И луѓето со хемофилија крварат, но не „искрвавуваат“, како што често погрешно се мисли. Во вакви околности тие не се во поголема опасност од другите луѓе. Ако раната е плитка, што е случај при вадење крв, доволен е посилен притисок за да се запре крварењето. Ако е длабока или голема, веројатно ќе биде потребна примена на фактор за да се запре крварењето. Често при поголеми интервенции се советува превентивно земање фактор, што ја олеснува самата интервенција.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Хематологија