ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Феритин 7 покрај долгогодишна анемија и терапија со железо - што значи тоа?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Низок феритин покажува дека резервите на железо во организмот се намалени. Причините за тоа можат да бидат нарушена апсорпција на железо или губење крв, кое може да е скриено, најчесто од дигестивниот тракт. Може да се направи ФОБ тест за да се исклучи скриено крварење од цревата. Ако тестот е позитивен, следи колоноскопија. Секако е потребно да се обратите кај хематолог, особено ако ФОБ тестот е негативен. Препорачливо е и да се направи гинеколошки преглед.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Хематологија