ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што може да предизвика повремена смена на затвор и проливи, со слуз, болки во стомакот, надутост и гасови?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Повременото смена на затвор и проливести столици, придружено со слуз, болки во стомакот, надутост и гасови, може да укажува на синдром на нервозно дебело црево. Причините можат да бидат стрес, напнатост, инфламаторни болести на цревата, недостаток на лактаза, нарушување на функцијата на штитната жлезда и слично. Препорачливо е да се направат анализа на комплетна крвна слика, седиментација, комплетна биохемија на крвта, анализа на урина и анализа на столица за окултно крварење. Со добиените резултати задолжително треба да се јавите на преглед кај вашиот лекар, кој врз основа на детална анамнеза и физикален преглед ќе одреди понатамошни испитувања.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гастроинтестинални болести