ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што може да предизвика мачнина и кои прегледи се потребни?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Советувам да се направи гастроскопија и рендгенско снимање на пасажа со контраст (акт на гутање), за да се утврди точната причина за тегобите. Гастроскопијата изгледа непријатно, но не е опасна процедура, а може многу да покаже. Снимањето на пасажата, односно рендгенско снимање на цревата со гутање контрастно средство, е корисно бидејќи лесно може да се увиди какво е полнењето на желудникот, дали полнењето или празнењето на желудникот е отежнато и дали постојат некакви пречки во тој процес. Гастроскопијата е ендоскопска метода која со камера може да утврди точна причина, но таа најмногу го прикажува морфолошкиот изглед и делумно функцијата на желудникот, додека со бариумското снимање добро може да се согледа функцијата.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гастроинтестинални болести