Што е акутен панкреатитис и како се лекува?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Ако пациентот претходно имал камења во жолчното кесе, постои можност камен од жолчните патишта да се заглави во изводниот канал на панкреасот. Тогаш ензимите на панкреасот, кои нормално се излучуваат во дванаесетпалачното црево, се враќаат кон панкреасот и почнуваат да го оштетуваат самото ткиво на жлездата (автодигестија).
Кај повеќето пациенти болеста поминува брзо, обично 3 до 7 дена по започнувањето на терапијата. Лекувањето вклучува внесување на поголема количина течности во организмот, ублажување на болката со лекови против болка, како и прекин на внесувањето храна и течности преку уста, со цел да се намали активноста на панкреасот. Со исхрана обично се почнува 3 до 6 дена по почетокот на болеста.
Кај пациенти со потешка форма на панкреатитис потребно е внесување поголеми количини течности и посебно набљудување, поради можни сериозни компликации. Кај повеќето пациенти симптомите се повлекуваат во рок од 7 дена, но кај некои може да се развијат компликации кои можат да го загрозат животот. Акутните напади на воспаление можат повторно да се јават.
Во сите случаи се прекинува внесувањето храна и течности преку уста, се препорачува мирување, а кај пациенти со силна болка или нарушена цревна перисталтика може да се примени назогастрична сукција. Болката се смирува со аналгетици, при што одредени видови лекови против болка (како морфиумски препарати) се избегнуваат бидејќи можат да предизвикаат спазам на сфинктерот кој регулира истекување на жолчката и панкреасниот сок.
За намалување на секреторната активност на панкреасот се користат забрана на внесување храна, назогастрична сукција и антисекреторни лекови. Терапијата насочена кон инхибиција на ензимите на панкреасот се применува со поделени мислења за нејзината корисност, но доколку се даде, треба да се започне веднаш на почетокот на болеста. За спречување и лекување на инфекција се користат антибиотици, при потешки случаи со широк спектар на дејство.
Акутниот панкреатитис може да протече како лесно заболување кое сам по себе се смирува или под влијание на терапијата, но може да биде и тешко, отпорно на лекување и со сериозен исход. Затоа е важна рана процена на тежината на состојбата кај секој пациент, бидејќи прогнозата зависи од степенот на тежината и од евентуалните компликации.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што причинува надуеност на стомакот?
- Тежок губиток на албумин кај дете со цревни лимфангиектазии – како се лекува?
- Волвулус на желудникот - што да се направи?
- Зголемена слезина и јазли на вратот кај дете со сомнеж за мононуклеоза - што да се направи?
- Дали пункцијата на асцит од стомакот може да се повторува?
- Кој антибиотик се користи за холециститис?