ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Кои причини можат да предизвикаат болки во стомакот и какви прегледи се потребни?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Советувам да се направат биохемиски анализи на крвта - хепатограм (АСТ, АЛТ, ГГТ, директен и вкупен билирубин), потоа уреа, креатинин, албумини, вкупни протеини, натриум, калиум, хлор, ЛДХ и останати анализи по договор со надлежниот лекар. Проблеми со црниот дроб можат да предизвикаат слични тегоби, но во секој случај се препорачува да се направи и анализа на урина со седимент на урина, бидејќи наведените тегобата можат да настанат и поради присуство на песок во бубрезите. Потребно е и да се направи ултразвук на абдомен за да се процени состојбата на бубрезите и црниот дроб, а исто така да се исклучи можноста за надуеност како причина за проблемите. Ако тегобите продолжат, потребно е да се направи преглед кај гастроентеролог.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гастроинтестинални болести