Кога е потребна консултација со гастроентеролог?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Тегобите кои ги чувствувате бараат внимателен преглед од лекар – прво општ, односно интернистички преглед, со ЕКГ и основни лабораториски анализи, за да се утврди каде точно се наоѓа основниот проблем.
Често тегобите со срцево потекло се манифестираат како тегоби во горниот дел на стомакот, но и обратно – тегобите на органите за варење можат да предизвикаат тегоби во градниот кош.
Меѓутоа, на лекарот кој ќе ве прегледа нема да му биде тешко да, со преглед и неколку основни дијагностички постапки, одреди во која насока треба понатаму да се испитува и лекува состојбата.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што причинува надуеност на стомакот?
- Тежок губиток на албумин кај дете со цревни лимфангиектазии – како се лекува?
- Волвулус на желудникот - што да се направи?
- Зголемена слезина и јазли на вратот кај дете со сомнеж за мононуклеоза - што да се направи?
- Дали пункцијата на асцит од стомакот може да се повторува?
- Кој антибиотик се користи за холециститис?