ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Зошто се јавуваат свраб и лушпење на кожата меѓу прстите на нозете по капење?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Претпоставувам дека станува збор за габична инфекција на кожата меѓу прстите на нозете, бидејќи промените делумно се намалени со примена на кортикостероиден препарат, а и се користи заедничка тушкабина каде условите за таков тип инфекција се речиси идеални. Терапијата се спроведува со антимикотични кремови, понекогаш е потребно да се вклучи и кортикостероид за да се намали екцематизацијата на кожата предизвикана од габичката, а понекогаш се воведуваат и таблети или капсули во терапијата, но од исто значење е и соодветната хигиена. Тоа подразбира миење на нозете двапати дневно, сушење, носење чорапи без ликра, избегнување затворена и непропустлива обувка. Примената и на медикаменти и на беспрекорни хигиенски услови понекогаш не доведува до целосно излекување. Причината за тоа е постојана изложеност на габички (на влажни, топли подлоги) или пак нарушување на инервацијата, васкуларизацијата и биохемизмот на крвта, што обезбедува поволни услови за развој на габичката.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Дерматовенерологија