ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Зошто псоријазата се шири на рацете и лицето и покрај употреба на крема со кортикостероид?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Псоријазата е болест која се јавува во повеќе форми, најчесто е наследна. Најчесто зафаќа лактови, колена, скалп, а понекогаш и нокти. Ретко се појавува на лицето. Кортикостероидните препарати се користат во лекувањето на псоријазата, но нивната употреба треба да биде само по преглед од дерматолог. Препорачливо е прво да се закаже преглед. По увид во формата, распространетоста и тегобите, дерматологот ќе направи план на лекување и ќе советува што да се користи. Во терапијата се користат препарати кои отстрануваат дебели наслаги на кожата (креми со салицилна киселина, уреа), кортикостероиди, неутрални препарати за нега на кожата. Можат да се користат деривати на катран (цигнолин), калципотриол, тазаротен. Одредени форми бараат употреба на антибиотици или ниски дози на имуносупресивна терапија. Лекувањето е комплексно и специфично за секој пациент. Редовната терапија доведува до намалување на тегобите и повлекување на промените, но повторна појава на тегобите се среќава релативно често. Во исхраната се советува избегнување на мрсна храна и прекумерен внес на протеини, а се препорачува внес на „портокалово“ овошје и зеленчук. Треба да се избегнува алкохол, а телесната тежина да се одржува во нормални граници.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Дерматовенерологија