ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Зошто перутот на скалпот се враќа и покрај употреба на шампон против перут?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Перутот е често знак за себореа, односно себороичен дерматитис, што претставува повеќе состојба отколку болест на кожата. Кај тинејџерите се воспоставува хормонска активност, па честа е појавата на мрсна кожа со себореа. Друга можност за појава на перут е чувствителна кожа на главата кај луѓе кои имаат склоност кон екцеми. Се препорачува употреба на медицински шампони против перут, кои се набавуваат во аптека. Овие шампони обично се користат два пати неделно во првите две недели, а потоа, за одржување на ефектот, еднаш на секои десет дена. Не се препорачува употреба на гелови и брилијантин за коса, односно ништо што дополнително би ја замастило. Доколку проблемот продолжи, препорачливо е да се направи преглед кај дерматолог.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Дерматовенерологија