ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што претставува дијагнозата Syndroma Haemorrhagicum Vascularis (хеморагичен васкуларен синдром)?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Промените кои ги опишувате можат да претставуваат некој вид пурпура. Пурпурата има повеќе видови и се разликуваат по причината за настанување, а често нема промени во лабораториските наоди (таканаречени „кожни“ пурпури). Во некои случаи, кај имунолошки заболувања - васкулити, пурпурата е придружен знак. Во секој случај, неопходно е преглед од дерматолог, кој ќе одреди дополнителни лабораториски анализи, а по потреба може да се земе и мал примерок од кожа (биопсија) за патохистолошка анализа. Со тоа дијагнозата станува посигурна, а според видот на пурпурата може да се определи и соодветна терапија.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Дерматовенерологија