ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што може да значи промена на јазикот?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Промените во коренот на јазикот можат да бидат брадавици-папиломи, но и липоми или фиброми - зголемување на масното или врзивното ткиво. Доколку станува збор за папиломи (брадавици предизвикани од ХПВ вирус), тие се отстрануваат со течен азот - криотерапија кај дерматолог, или хируршки. Најсигурно е да ве прегледа стоматолог-специјалист за болести на устата, а доколку е потребно, понекогаш се прави биопсија - земање исечок од промената и микроскопска (хистопатолошка) анализа. По поставената дијагноза следи соодветна терапија.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Дерматовенерологија