ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Која крема е најпогодна за мешана кожа на лицето која повремено е и сува?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Според описот, кожата е мешана и склона кон масни промени. Затоа се препорачува користење на креми кои не se комедогени, односно не содржат масни состојки. Може да се одбере медицинска козметика која се купува во аптеки — за масна кожа постојат повеќе линии производи, како на пример Exfoliac Noreva, Bioderma Sebium, La Roche-Posay Effaclar, Avene Triacneal и слично. Препорачливо е барем навечер да се користи гел за миење на лицето, кој ќе отстрани грим, по потреба мицеларна вода за грим околу очите, а потоа крема за хидратација навечер. Преку ден, доколку се користи грим, доволен е течен пудер. Ако не се шминка, тогаш и наутро треба да се нанесе хидратантна крема од веќе споменатите линии.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Дерматовенерологија