ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како се третираат габички на ноктите?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Нистатин и водороден пероксид не делуваат на дерматофитите, кои се најчест причинител на промените по ноктите. Дијагнозата на габички на ноктите се поставува со земање примерок за преглед под микроскоп и за микробиолошка култура. Доколку по прегледот кај дерматолог се утврди присуство на габички, третманот вклучува антифунгални креми и лакови за нокти. Лечењето на ноктите е долготрајно, обично 3 до 4 месеци, а најефикасно е кога се комбинира со орални антифунгални капсули. Во тек на третманот треба да се избегнува контакт со хемикалии и вода.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Дерматовенерологија