ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да се заштитам од алергија на сонце?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Потребно е да се чувате од сонцето, особено од UVA зраците (кои се присутни цел ден), да престојувате во сенка, под стреа или под дрвја. Користете проверени препарати со висока UVA заштита, во доволно дебел слој, 30 минути пред изложување на сонце, а потоа повторувајте на секои 2 часа. Се препорачува употреба на додатоци во исхраната со бета-каротин и антиоксиданси, еден месец пред заминување на море. Антихистаминиците и калциумот не се препорачуваат, бидејќи немаат ефект. Доколку дојде до алергиска реакција, може да се применат препарати со кортикостероиди, но само по совет на лекар.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Дерматовенерологија