ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали акните и оралната кандидијаза се поврзани?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Оралната кандидијаза и појавата на акни не се поврзани директно. Меѓутоа, бидејќи се чести заболувања, може да се јават заедно кај истиот пациент. Оралната кандидијаза има повеќе можни причини, па се препорачува посета на дерматолог заради двата проблема. Веројатно ќе биде потребно да се направат лабораториски испитувања (крвна слика, основни биохемиски анализи), особено ако кандидијазата се повторува. Акните треба да се лекуваат навремено за да не дојде до формирање лузни. Терапијата се одредува индивидуално за секој пациент, а постојат повеќе различни модалитети на лекување.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Дерматовенерологија