ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Чести проблеми со акни во пубертетот - што да се прави?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Акните што се јавуваат во пубертетот се минлива појава и претставуваат прилагодување на организмот и кожата на зголемено ниво на тестостерон, па по одредено време минуваат. Понекогаш овој процес трае подолго, а стресот може да има значителна улога. Од помош може да биде водењето здрав стил на живот - доволно сон, свеж воздух, физичка активност, здрава исхрана без слатки, животински масти и конзерванси, доволно течности, како и добар локален третман на акните, под надзор на дерматолог. Доколку акните се многу изразени, постојат и лекови што можат да се применуваат одредено време, но исклучиво под лекарски надзор. Локалниот третман на акните треба да се препушти на стручно лице, повторно под надзор на дерматолог. Во повеќето случаи станува збор за минлива, младешка појава, но се препорачува навремено да се побара помош од дерматолог за побрзо решавање на проблемот.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Дерматовенерологија