ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Брадавици во интимната зона по бричење и посекотина - што да се направи?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Брадавиците настануваат како резултат на вирусна инфекција. Постојат повеќе видови на вирусот, а во зависност од видот се препорачува соодветен третман. Потребен е преглед кај дерматовенеролог за да се потврди дијагнозата, а потоа да се пропише терапија - замрзнување со течен азот или отстранување со електрокаутер или радиобранови. Брадавиците сами по себе нема да поминат. До контакт со вирусот можело да дојде за време на сексуален однос, па се препорачува воздржување од сексуални односи додека брадавиците не се отстранат, бидејќи постои можност за пренесување на партнерката.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Дерматовенерологија