ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Зошто се јавуваат зголемени еритроцити во мочката?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Неопходно е да се направи анализа на урина со седимент, како и уринокултура, а исто така и ултразвук на уротрактот со осврт на бубрезите и мочниот меур. Кај вакви случаи, доколку е присутна хематурија, потребно е да се пристапи кон подетална дијагностика. Микроскопската или макроскопската хематурија може да биде предизвикана од песок, инфекција и слично. Може да се јави и кај заболувања на крвта како хемофилија, српеста анемија и таласемија, кај намален број тромбоцити (тромбоцитопенија), кај заболувања на органите за варење (цирóза и пропаѓање на ткивото на црниот дроб, перитонитис), кај срцеви заболувања (срцева слабост, емболии), при употреба на одредени лекови (антагонисти на витамин К, како варфарин), како и кај песок и камен во бубрезите кои го оштетуваат епителот на мочните патишта. Хематуријата може да се јави и кај воспалителни заболувања на горниот и долниот уротракт, но и кај бројни малигни болести и состојби, особено на органите на уротрактот. Често се јавува и кај автоимуни заболувања на бубрезите или на системското сврзно ткиво. Потребно е подетално испитување на причината за хематуријата, се разбира, почнувајќи од поедноставни кон посложени методи. Се препорачува консултација со нефролог, а потоа евентуално разговор со надлежниот лекар за тоа дали се потребни имунолошки испитувања. Дијагнозата се поставува врз основа на анамнеза, клиничка слика, лабораториски анализи, објективен преглед (палпација на бубрезите, ректален преглед кај мажите, гинеколошки преглед кај жените), интравенска урографија, цистоскопија, ретроградна уретропиелографија, артериографија и биопсија на бубрег.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Болести на бубрезите