ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значи промена на парцијалниот притисок на кислород во артериската крв?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Веројатно се мисли на гасните анализи на крвта, односно на низок ниво на парцијалниот притисок на кислород, што е патолошки наод и укажува на различни белодробни болести. Според степенот на оштетувањето се преземаат соодветни мерки, при што се земаат во предвид и други параметри, заедно со спирометријата. Еве неколку вредности за ориентација: Нормалната вредност на PaO2 е во широк опсег, од 70 до 100 mmHg, во зависност од возраста: над 80 mmHg до 40-годишна возраст (10,6 kPa) и над 70 mmHg над 40 години, според критериумите на Улмер или Сорби. Низок PaO2 укажува на нарушување на дишењето, односно хипоксемија. Ако PaO2 е помал од 60 mmHg, потребна е дополнителна количина на кислород. Ако PaO2 е помал од 26 mmHg, пациентот е во ризик од смрт и мора веднаш да се лекува со кислород.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Болести на белите дробови