ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што е емфизем на белите дробови и колку може да биде опасен?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Емфиземот на белите дробови е заболување при кое доаѓа до пропаѓање на преградите меѓу алвеолите (белодробните мехурчиња), при што се зголемува воздушноста на белите дробови, но на нефункционален начин - бидејќи во таквите простори нема соодветна размена на гасови како во нормалното белодробно ткиво. Постепено слабее белодробната функција, што пациентот на почетокот го чувствува како замор, особено при напор. Меѓутоа, иако е точно дека емфиземот не може да се излечи, може многу да се помогне со лекови од групата на долгоделувачки бронходилататори во комбинација со кортикостероиди, како и со краткоделувачки бронходилататори во инхалатори. Секоја инфекција треба да се лекува најдобро според антибиограм. Потребно е да се живее со здрав стил на живот, почнувајќи од исхраната, со што повеќе престој на свеж воздух - секојдневните долги прошетки се многу значајни. Препорачлив е престој на надморска височина до 1000 метри. Треба да се избегнува влажна, премногу топла или премногу студена клима, како и задимени простории, прашина и тутун. Важна е превенцијата на инфекции преку вакцинација против грип и корона. Потребна е редовна контрола на здравствената состојба. Можна е и респираторна физикална терапија.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Болести на белите дробови