Занимливости

Размислете: Погрешниот начин на живот е причина за 40% од случаите на заболени од рак!

Четири од 10 случаи на рак, а можеби и повеќе, би можеле да бидат избегнати кога луѓето би воделе поздрав живот и би биле физички поактивни, па токму ова е доказ дека луѓето можат да направат многу за самите да се заштитат од оваа болест.

Имено, неодамнешното истражување објавено во Велика Британија покажа дека најголем фактор за заболување од рак, кој е возможно да се избегне, е пушењето, а веднаш зад него е нездравата исхрана.



Имајќи ги во предвид овие факти, експертите ги повикуваат луѓето новата година да ја започнат со позитивни одлуки, така што ќе го остават пушењето, ќе ја намалат консумацијата на алкохол и редовно ќе вежбаат.


Резултатите од истражувањето откриле дека во периодот од 2007 до 2011 година во Велика Британија биле забележани повеќе од 300.000 случаи на рак предизвикан од пушењето, 145.000 од нездравиот начин на исхрана, 88.000 случаи предизвикани од прекумерната дебелина и 62.200 пациенти заболени од рак поради екстремната консумација на алкохол.




Исто така, експертите предупредиле дека сонцето и физичката неактивност се значајни фактори кои го зголемуваат ризикот за заболување од рак.


“Нема сомнеж дека начинот на живот може да има големо влијание на ризикот за заболување од рак. Сите истражувања во светот упатуваат на истиот заклучок”, изјавил Макс Паркин од добротворната организација “Cancer Research UK”, која и го спровела истражувањето.



“Секако дека во периодот на празниците сите ние ќе си дозволиме некој залак повеќе. Не сакаме да ги забраниме колачињата и виното, но ова е добар момент да се размисли за преземање на некои здрави навики во 2015 година”, додал Паркин, пренесува “BBC”.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button