Занимливости

Витамин Б3 за долг животен век | Идивиди

Научниците открија дека додатокот во исхраната, кој ни е лесно достапен, може да ни овозможи подолг и поздрав живот. Се работи за витаминот Б3 или познат и како ниацин.

Ниацинот или никотинската киселина предизвикуваат создавање на слободни радикали кои испуштаат реактивни видови на кислород, а со нив се продолжува и животниот век. До ова откритие дојде професорот Ристов од Цирих, при што многумина беа изненадени. До сега беше познато дека реактивните видови на кислород ги уништуваат клетките во телото. Антиоксидансите, кои може да ги најдеме во овошјето, зеленчукот и одредени масла, ги неутрализираат овие слободни радикали. Токму поради тоа и многу научници веруваат дека антиоксидансите се погодни за здрав живот.

Сепак, нема некои познати докази кои упатуваат на тоа дека антиоксидансите позитивно делуваат на здравјето. Професорот Ристов не тврди дека овошјето и зеленчукот не се здрави, туку дека во нив има други состојки кои ги прави здрави, а тоа не се антиоксидансите. Овде станува збор за полифенолот. Тој верува дека малите количини на реактивните видови на кислород и оксидативен стрес имаат позитивни влијание, бидејќи клетките може да реагираат и да ги неутрализираат.

Внесувањето на ниацин има исто влијание како и физичката активност

Истражувањата покажаа дека за време на спортска активност се произведуваат реактивни видови на кислород, кои влијаат врз уништувањето на антиоксидансите. Според ова, тој заклучи дека ниацинот има слично делување како и физичката активност. Витаминот Б3 го мами телото да мисли дека вежба, па дури и тогаш кога не вежба. Истражувањето се извршувало врз еден вид на глиста, која има животен век од еден месец. Тие се идеални за ваков тип на истражување бидејќи се работи за продолжување на животниот век.

Нијацинот има штетно влијание кај луѓето кои патат од васкуларни болести

Истражувањата покажуваат дека ниацинот има штетно влијание врз луѓето кои патат од срцеви и кардиоваскуларни болести. Исто така, кај оние пациенти чие лечење вклучувало одредена доза на ниацин, се јавило крвавење и инфекции, како и компликации при дијабетес, гастроинтестинални проблеми, чешање и осип. По ова, лекарите веќе не го препорачуваат како лек, бидејќи тие мислеле дека ќе им помогне на пациентите и ќе спречи срцев и мозочен удар. При одредени случаи, неговата употреба може да има повеќе недостатоци, отколку предности.

При овие информации, треба да запазите дека не се работи за обична доза на витамин Б3, туку 100 пати поголема количина од онаа која е препорачано да се консумира секојдневно. Ниацинот може секојдневно да го консумирате и преку месото, рибата, кикиритките, печурките, оризот и пченицата.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button